Детектирани триесетина случаи со делта варијантата на Ковид-19 во Македонија
Во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијанта на Ковид-19, која, како што посочуваат од Министерството за здравство, рапидно се шири насекаде во светот и во регионот, па многу веројатно е истото да се случи и кај нас.