ВМРО-ДПМНЕ објави 26 имиња кои ќе истрчаат на локалните избори во октомври. Но за скопските општини соопшти само тројца кандидати. Наташа Котлар за Центар, Орце Георгиевски за Кисела Вода и Бобан Стевковски за Гази Баба. Од тројцата актуелни градоначалници во околината на главниот град, двајца добија уште една шанса. Стевче Трпков за Сопиште и Борче Митевски за Петровец. Долгогодишниот градоначалник на Илинден, Жика Стојановски сега е сменет со Александар Ѓоргиевски.