Светата маченичка Агрипина
Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, с ѐ дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и т