Комплетирано е второто коло во елитната фудбалска Лига на шампионите, по кое осум екипи имаат максимални 6 бодови. Актуелниот европски првак Реал до вториот триумф стигна пред своите симпатизери во Мадрид каде го совлада Лајпциг со 2-0. Кралевите отпорот на германскиот тим го скршија во завршните 10 минути откако Валверде во 80-тата го постигна првиот гол, а Асенсио во последната минута беше стрелец на вториот гол.